Top Sport

Големата награда на Кина нема да се вози и во 2023 година

Ригорозните мерки што ги презема Кина за сузбивање на инфекцијата со Ковид-19, дефинитивно ја откажаа трката во Шангај.

Организаторите на Големата награда на Кина се надеваа дека за прв пат од 2019 година „најбрзиот циркус“ ќе може да се врати во најнаселената земја во светот, но со оглед на правилата кои се актуелни во земјата тоа едноставно не е можно.

Во овој момент во календарот за 2023 година повторно има 23 трки. Раководството на Формула 1 разговара за можни замени.

„Во Кина сè уште е на сила „нултата политика кон Ковид-19, што значи строги „заклучувања“, а настаните како оној што би се одржал на патеката во Шангај се строго забранети“, објави ФИА.

Во моментов има четиринеделна пауза во календарот на Ф1 од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу Големата награда на Австралија и Големата награда на Азербејџан. Прв фаворит за место во календарот е португалската патека Портимао.

Scroll to Top