Top Sport

Големата награда на Сигапур Расел ќе ја започен од последното место

Џорџ Расел се соочува со нов проблем во борбата за титулата шампион во Формула 1.

Возачот на Мерцедес ќе мора да стартува последен на Големата награда на Сингапур поради промена на погонската единица и надминување на сезонската граница.

Промената е неопходна откако дефект го принуди Британецот да се повлече на крајот од трката во Малезија. Андреа Кими Антонели го освои второто место таму и ја зголеми предноста пред својот тимски колега на дури 84 поени.

Работата на Расел е уште потешка од фактот што е тешко да се престигне на уличната патека во Сингапур.

Мерцедес првично планираше да го замени моторот за трката во Остин, со подобрена верзија преку системот ADUO. Засега не е познато дали тој ќе биде достапен веќе во Сингапур, па постои можност Расел да се соочи со уште една казна подоцна.

Казната се однесува само на главната трка, која започнува во недела во 14 часот. Во саботниот спринт, закажан за 11 часот наутро, Расел ќе ја заземе стартната позиција според резултатот од квалификациите за спринт.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');