Top Sport

Гореше болидот на Саинц во 57.круг

На трката за ГН на Австрија, шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц, избегна тешка несреќа во последен момент. Тој беше на третото место кога во еден момент почна да излегува бел чад од моторот на неговиот болид, што го принуди да ја напушти трката и да застане покрај патеката.

Набрзо пожар почна да се шири низ автомобилот, а Шпанецот во последен момент успеал да скокне надвор.

Да додадеме дека до моментот на откажување на моторот, Саинц ја напаѓаше втората позиција на Макс Ферстапен кого речиси сигурно ќе го престигне бидејќи на 15 круга пред крајот имаше понови гуми.

Scroll to Top