Ф1 тимот, Вилијамс, во новата сезона ќе влезе со нов шеф. Прашање е само кој ќе го наследи Јост Капито. Медиумите издвојуваат две имиња, поранешниот светски првак Џенсон Батон и сопругата на шефот на Мерцедес, Тото Волф, Сузи.
Тото Волф, во минатото беше акционер во тимот на Вилијамс, а Сузи беше еден од тест-возачите на тимот.
Сузи има искуство како лидер на тркачки тим, таа беше на чело на Формула Е тимот на Вентури од 2018 до 2021 година. Потоа беше промовирана на позицијата генерален менаџер на тимот, но истата функција ја напушти во август оваа година.
Покрај г-ѓа Волф, другиот главен кандидат за местото на Капито е светскиот шампион од 2009 година Џенсон Батон. Британецот дебитираше за Вилијамс во 2000 година, а во 2021 година беше еден од главните советници на тимот.