Возачот на Хас Ф1, Роман Грожан вели дека медиумите не го преферираат бидејќи е Французин, но признава дека мора да има подобар старт на сезоната 2018.
Грожан и Сергеј Сироткин во Вилијамс се единствените двајца возачи кои не освоија поени досега во Ф1, и оваа сезона има далеку послаби резултати од својот колега Кевин Магнусен. Грожан вели дека, како сите возачи, и тој греши, но вели дека има предрасуди против него.
„Што да кажам? Направив грешка и тоа се случува на сите. Ние не сме роботи. Кога ќе удрам на сопирачката и ќе свртам зад безбедносното возило и ќе загубам контрола, што можам да направам. Не направив ништо лудо. Сите сме луѓе и правиме грешки. Знам дека британскиот печат не ме сака најмногу, најверојатно бидејќи сум Французин. Но, јас барем не ги лажам, кажувам искрено“, вели Грожан.
Фото: ЕПА