Top Sport

Дел Боске: Ниту еден играч на Ливерпул не би влегол во тимот на Реал!

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Висенте дел Боске е толку сигурен дека Реал Мадрид ќе го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони, што додава дека ниту еден играч на Ливерпул не би бил во стартните 11 на Реал.

„Црвените“ ги победија Рома за да стигнат до финалето, додека Реал во низа ги победи Пари Сен-Жермен, Јувентус и Реал Мадрид за пат до финалето. Ливерпул сигурно беа инспирирани од Мохамед Салах, кој имаше 10 гола во 12 настапи, но Дел Боске вели дека египетскиот „магионичар“ не би бил во стартниот состав на Зинедин Зидан.

67-годишниот Дел Боске, кој донесе две титули од ЛШ за „Лос бланкос“ , оди и понатаму и смета дека Ливерпул ќе доживее тежок пораз.

„Реал Мадрид го имаат најдобриот тим во Европа во моментов. Тоа ќе го покажат во сабота, и очекувам некој резултат како 4:1. Не можам да видам ниту еден играч на Ливерпул кој би го направил Реал подобар, ниту Салах. Герет Бејл и Карим Бензема би биле пред него во тимот, а Кристијано ги прави сите уште подобри“, вели Дел Боске, кој покрај успесите со Реал, со Шпанија го освои Светското и Европското првенство.

Фото: ЕПА

Scroll to Top