Top Sport

Грожан остана без шестото место во Монца

Возачот на Хас, Роман Грожан, го освои шестото мест на вчерашната трка за Големата награда на Италија, меѓутоа по трката е дисквалификуван бидејќи подот на неговиот болид не бил според правилата на Формула 1.

Неговиот тим веднаш вложил жалба на одлуката, а делегатите на ФИА, откако го истражиле целиот случај заклучиле дека болидот на Хас не ги исполнува потребните критериуми.

Од дисквалификацијата на францускиот возач, најмногу профитираше Сергеј Сироткин, кој стигна до десеттото место и го освои првиот бод во кариерата, во првенството на Формула 1.

Големата награда на Италија ја освои Луис Хамилтон, пред Кими Раиконен и тимскиот колега Валтери Ботас.

Scroll to Top