Возачот на Хас Ф1, Роман Грожан се врати на местото каде што во неделата за малку ќе го загубеше животот во тешкиот судир за време на Бахреин ГП трката, продолжувајќи со рехабилитацијата.
34-годишниот Французин зачудувачки остана со помали повреди по огнениот судир со 200 км/ч во оградата покрај патеката во првиот круг, по што заврши во „БДФ“ болницата во Бахреин, каде што помина три дена поради изгорениците на рацете.
Грожан, кој нема да се трка на неделната трка на истата патека, каде што ќе се вози Сакир ГП трката, се појави со членовите на тимот на Хас на патеката и најави враќање во Ф1 за последната трка од сезоната, Абу Даби ГП трката на 13 декември.
It's great to see you, @RGrosjean ?#SakhirGP ?? #F1 pic.twitter.com/BW2zuXzpZd
— Formula 1 (@F1) December 3, 2020
The Real Heroes ?
Meeting Dr. Ian Roberts and Medical Car Driver Alan van der Merwe, who were so quick to react on Sunday. #HaasF1 pic.twitter.com/mr82bLultM
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) December 3, 2020