Top Sport

Грожан се заблагодари на луѓето кои му го спасија животот

Возачот на Хас Ф1, Роман Грожан се заблагодари на маршалите, пожарникарите и на медицинскиот тим кои вчера му го спасија животот по страшниот инцидент на трката во Бахреин, каде што неговиот болид остана во две парчиња, но за среќа тој помина само со мали изгореници на рацете.

Еден од клучните луѓе на патеката беше Алан ван дер Мерве, јужноафриканскиот возач на медицинскиот Мерцедес, кој без страв влезе во оганот и го изнесе Французинот од болидот.

„Никогаш не сум видел толку оган. Роман излезе од болидот сам, што беше зачудувачки, по што јас само му помогнав“, изјави кратко Ван дер Мерве, кој го вози медицинското возило од 2009 година.

Секако, голема важност има таканаречениот „ореол“ (halo) уредот над главата на возачот без кој Грожан ќе добиеше сериозни, најверојатно фатални, повреди.

„Здраво, Роман тука. Би сакал да се заблагодарам од дното на срцето на посветеноста, работата и иницијативата која ја покажавте вчера. Ми помогнавте да излезам од тој голем оган и да останам жив. Ви благодарам многу! Секогаш ќе бидам благодарен што бевте тука за мене“, вели Грожан во видеото.

Scroll to Top