Top Sport

Хакинен го потсети Леклер: Фетел не освои четири титули со пуштање

Двократниот светски шампион, Мика Хакинен го потсети Шарл Леклер дека Себастијан Фетел стигнал до четири светски титули и дека до нив не стигнал со пуштање на другите возачи.

Ферари се мачат да ги „менаџираат“ односите помеѓу двајцата колеги оваа сезона, која кулминираше на Руското ГП, кога Фетел откако го помина Леклер одби да го пропушти по наредбата на тимот. Фетел дури беше повикан во седиштето на Ферари во Маранело на состанок со шефот Матија Биното. Хакинен, кој освои две титули со Мекларен-Мерцедес, вели дека Леклер го потценил својот искусен колега.

„Постои тензија помеѓу двајцата возачи на Ферари и Шарл сега учи некои тешки лекции. Вклучувајќи го и фактот дека Себастијан не освои четири светски титули со пуштање на другите возачи. Во споредба со Мерцедес, Ферари уште немаат совршена тимска работа помеѓу возачите и мораат да го направат тоа за да победуваат постојано. Кога има конфликт внатрево тимот никогаш нема успех“, вели Хакинен.

Scroll to Top