Шесткратниот светски шампион, Луис Хамилтон бара зголемување на неговата плата од Мерцедес на фантастични 55 милиони евра за продолжување на договорот по 2021 година, но германскиот производител не е убеден дека е потребен таков трошок.
Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, Хамилтон поднел услови кои мораат да бидат исполнети за Британецот да остане во тимот. Тој побарал четиригодишен договор од 55 милиони евра и амбасадорска улога во Мерцедес кога ќе се повлече од спортот. Сегашната плата на 35-годишниот Хамилтон е околу 42 милиони евра.
Во Мерцедес пак, размислуваат за „ултиматумот“, но уште не се обврзани дека ќе останат во Формула 1 по 2021 година, и според „Кориере“, претседателот на Дајмлер-Бенц, Ола Калениус нема да дозволи да се исплати оваа сума на Хамилтон.
Оваа ситуација доаѓа откако при крајот на минатата сезона имаше големи шпекулации дека Хамилтон веќе почнал да преговара со ривалите од Ферари за место од 2021 година.