Top Sport

Адеми ги одби арапските милиони и останува во Загреб

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми се решил да не прави трансфер во клубот од Обединетите Арапски Емирати, Ал-Наср за да остане во хрватскиот шампион.

Хрватските медиуми претходно јавија дека го делат само часови од потпис за Ал-Наср од Дубаи, каде што тренер е Крунослав Јурчиќ, човекот кој го донесе во Динамо од Шибеник пред десет години, но сега тврдат дека тој решил да остане во клубот кој беше со него во тешките моменти по суспензијата по позитивниот допинг-тест.

Динамо претходно ја одби понудата од 2.5 милиони евра на Реал Бетис, а арапската понуда била повеќекратно поголема.

Scroll to Top