Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон вели дека не е точно дека битката со Макс Ферстапен за титулата оваа сезона е најтешка во нговата кариера, иако многумина типуваат на Холанѓанецот да ја заврши негоата низа победи.
Ферстапен има 8 победи оваа сезона во споредба со петте на Хамилтон и има 12 поени предност пред последните пет трки од сезоната, почнувајќи со Мексиканското ГП следниот викенд.
„Сезоната е фантастична, на многу нивоа многу тешка, но и многу позитивна и морам да признаам дека уживав во секој момент. Дали ова е најтешката сезона? Не, не би кажал така. Ако размислам за сите шампионати за кои сум се борел од мојата 10-та година имав толку тешки моменти, кои биле поинакви од сегашната ситуација“, вели Хамилтон за „Скај спортс“.
Петте победи оваа сезона за него се најмалку во една сезона од 2013 година, откако дури шест пати беше втор, од кои пет зад Ферстапен.
„Можеше да биде подобро според тоа што во многу трки пропуштивме поени, бидејќи не бевме совршени и мораме да го поправиме тоа“, додава Британецот.