Top Sport

Пеп со поддршка за Солскјер: Во Манчестер јунајтед притисокот е удвоен

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека знае во каква позиција се наоѓа неговиот ривал од Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, посочувајќи дека тренерите на големите клубови како Јуанјтед секогаш се под двоен притисок.

„Во Јунајтед, сите работи кои се случуваат се удвоени. Нивното влијание, заедно со тоа на Ливерпул како најголеми тимови во Англија толку години е такво. Затоа и победите им се двојни, и поразите им се двојни и тоа не изненадува. Кога и јас нема да имам добри резултати ќе бидам третиран исто. Сите менаџери. Никој не може да ги преживее лошите резултати, бидејќи во Јунајтед очекувањата се да победуваш. Тие долго ја немаат освоено Премиерлигата и нивната историја го бара тоа. Кога дојдов во Барселона, знаев дека ако не победувам, бргу ќе бидам сменет“, вели Гвардиола.

Scroll to Top