Top Sport

Хамилтон: Доста е црна боја, Мерцедес треба пак да е „сребрена стрела“

Мерцедес минатата сезона открија нова комбинација на бои на својот болид, решавајќи да го направат целосно црн мотивирани од анти-расистичката кампања на шампионот Луис Хамилтон, а истата комбинација на бои остана и во 2021, иако Британецот вели дека нема да биде проблем да се вратат на традиционалната сребрена боја.

„Искрено немам посебно мислење за тоа, бидејќи оригинално се работи за ‘сребрена стрела’. Кога побарав болидот да биде црн поради симболизмот минатата недела, не очекував да остане толку долго. Сега, би било убаво да има промена. Тоа нема да ги смени работите кои ги правиме за зголемување на разноликоста“, вели Хамилтон.

Scroll to Top