Макс Ферстапен, актуелниот светски шампион во Формула 1, во Азербејџан ја забележа 25. победа во кариерата. Оваа бројка Холанѓанецот ја достигна на 118 трки. Интересно е што се наоѓа само на 10. место на вечната листа.
Џим Кларк најбргу стигнал до 25 победи. За тоа му беа потребни само 45 трки. Втор е Џеки Стјуарт со 54, додека на третото место е Михаел Шумахер со 62 трки.
Вечните ривали Аиртон Сена и Ален Прост ги држат четвртото и петтото место со 65 и 67 трки, додека најдобро пласира од активните возачи е Себастијан Фетел, кој стигна до 25 победи на 77 трки.
Најџел Менсел е седми со 81, Ники Лауда со 88 е осми, додека Луис Хамитон е на деветтото место со 112 трки. Зад Ферстапен е Алонсо, кој дојде до 25. победа на 123. трка.