Top Sport

Хамилтон: Ферари е мојот детски сон

Луис Хамилтон изненади многумина со својата одлука да го напушти Мерцедес и од следната сезона да стане возач на Ферари.

И додека многумина сметаат дека Формула 1 го доживеа еден од најголемите трансфери во историјата, за Хамилтон тоа е остварување на детскиот сон.

Тој се огласи на Инстаграм и објави долга порака до своите следбеници и обожаватели.

„Изминатите неколку дена беа тотално луди и исполнети со низа емоции. Но, како што сега сите знаете, по 11 неверојатни години со тимот на Мерцедес, време е да започнам ново поглавје во мојот живот и да се приклучам на тимот на Ферари во 2025. Се чувствувам среќен, откако со Мерцедес постигнав се што можев само да сонувам како дете, а сега имам можност да остварам уште еден детски сон, а тоа е да возам во црвено Фернари.

„Мерцедесот е огромен дел од мојот живот уште од мојата 13-та година, така што оваа одлука е најтешката што некогаш сум ја донел. Горд сум на се што постигнавме заедно и благодарен сум за напорната работа. и посветеноста на сите со кои работев во текот на годините, и секако Тото, за пријателство, водство и лидерство. Заедно освојувавме првенства, уривавме рекорди и формиравме најуспешно партнерство на возач и тим во историјата на Формула 1. Не можам да го заборавам Ники, кој беше голема поддршка и кој ми недостига секој ден.

„Исто така, сакам да изразам голема благодарност до целиот управен одбор на Мерцедес-Бенц и сите во компанијата во Германија и во светот кои ме поддржуваа во текот на овие 26 години. Но, дојде време за промена и за нов предизвик. Сепак, во моментов не размислувам за 2025 година. Мојот фокус е на претстојната сезона и враќање на вистинскиот пат со Мерцедес. Помотивиран сум од било кога, физички поподготвен и поконцентриран од кога било и сакам да му помогнам на Мерцедес да победи. Посветен сум 100 отсто на работата што треба да се заврши и решен сум да го прекинам моето партнерство со тимот на високо ниво. Ви благодарам на сите што бевте со мене на ова патување, сите ме подигнавте горе додека ги бркав моите соништа и се надевам дека ќе и понатаму ќе можам да направам да се гордеете. Како и секогаш, ви ја испраќам мојата љубов и позитивна енергија“, напиша Хамилтон.

Scroll to Top