Top Sport

Хамилтон го трола Алонсо: Подарок капче со автограм и порака “За Фернандо“

Седумкратниот шампион Луис Хамилтон се обиде со подарок (и мала „боцка“ на социјалните мрежи) да стави крај на расправијата со Фернандо Алонсо по нивниот судир на Белгиското ГП.

Алонсо, поранешниот колега на Хамилтон во деновите кога беа возачи на Мекларен, го нарече Хамилтон „идиот“ по судирот во првиот круг на неделната трка на Спа Франкошамп, кога не му остави доволно простор да помине. Покрај тоа, во радио-пораката, Алонсо порача дека Хамилтон знае да вози само ако стартува како прв.

Иако двајцата потоа ја „спуштија“ топката, Хамилтон одговори прво со видео од Шпанецот во кое тој бара „почит во Ф1 семејството“, за денеска да прати порака до своите 29 милиони следбеници на Инстаграм

„Иако викендот не помина како што сакавме, беше добро да се вратиме на работа по ддолгата пауза. Ја сакам мојата работа, мојот тим и ја сакам енергијата н Спа. Благодарам за работата на мојот тим и на фановите кои дојдовте“, напиша Хамилтон со фотографија на потпишана капа на Мерцедес со порака на неа „За Фернандо“.

Алонсо и Хамилтон со инцидент на стартот во Спа – овој идиот знае да вози само кога е прв!

Scroll to Top