Top Sport

Хамилтон и Ботас си ги разменија шасиите пред Француското ГП

Мерцедес потврди дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе си ги разменат шасиите на В12 болидот пред Француското ГП на Пол Рикар овој викенд.

Досега, Хамилтон во сите трки ја користеше шасијата број 6, која сега ќе оди на Финецот, додека светскиот шампион ќе ја добие шасијата број 4. Ова е вторпат Ботас ја менува шасијата, по судирот со Џорџ Расел на трката во Имола.

Според Мерцедес, размената нема врска со перформансите, туку се работи за планирана промена за преостанатите шасии на тимот да комплетираат сличен број на километри.

„Не се работи за нова шасија, туку за нешто што беше планирано“, вели Ботас.

Мерцедес очекуваат да бидат фаворити на трката, бидејќи се работи за класична тркачка патека во споредба со тесните улични трки во Монако и Баку.

Scroll to Top