Top Sport

Шевченко бил на крај со нервите во второто полувреме

Украина играше премногу нервозно во второто полувреме против Македонија, вели украинскиот селектор Андриј Шевченко по тешко извојуваната 2:1 победа на „Националната арена“ во Букурешт.

Откако беа подобриот тим во првото полувреме, второто донесе многу подобра игра на македонската репрезентација, која за жал, не успеа да направи целосен пресврт.

„Овој дел од Европското првенство има поинаква атмосфера и многу е емоционално. Во секоја секунда, ритамот може да се смени. Тие имаа добар старт на второто полувреме, по што се појави нервоза во тимот. Требаше да дадеме и трет гол, но мораме да го пофалиме и нивниот карактер“, вели Шевченко.

Андри Јармоленко, кој постигна еден гол и асистираше на вториот, вели дека селекторот ги предупредил на полувреме.

„Тие нападнаа бидејќи немаа што да загубат. Успеаја да внесат нервоза во играта и кога намалија на 2:1 малку бевме во паника. На крајот изддржавме за победа“, изјави капитенот на Украинците.

Scroll to Top