Луис Хамилтон ја забележа својата петта победа во седмата трка во 2020, на легендарната патека Спа во Белгија, доминирајќи од стартот до финишот во трка во која најголем противник му беше трошењето на гумите во последните кругови.
И покрај ова, Хамилтон до својата 89. победа во кариерата и четврта во Спа, стигна пред својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас и пред Макс Ферстапен во Ред бул, кој овојпат немаше решение за брзината на „сребрената стрела“. Со пет победи во седум трки, тешко е да се верува дека некој ќе успее да го предизвика Хамилтон да се „прошета“ до својата седма светска титула, со која би се израмнил со рекордерот Михаел Шумахер.
Даниел Рикардо беше четврт за изненадувачки брзиот Рено и освои дополнителен поен за најбрз круг, пред колегата Естебан Окон (Рено), Александер Албон (Ред бул), Лендо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури) и двојката на Рејсинг поинт, Ленс Строл и Серхио Перез во поени.
Ферари, како што беше очигледно во текот на целиот викенд, имаа мизерна трка, во која повеќе пати беа претекнувани од најразлични болиди и на крајот Себастијан Фетел беше на 13. место, а Шарл Леклер на 14. во трка која ја комплетираа 17 возачи.