Top Sport

Хамилтон и Мерцедес супер-брзи во Франција

Луис Хамилтон доминираше на тренинзите пред Француското ГП во Пол Рикар, правејќи разлика од 0.704 секунди пред својот најблизок ривал, Даниел Рикардо во Ред бул, додека лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел во Ферари беше само петти со 1.15 секунди послабо време од Англичанецот.

Сесијата вклучуваше пауза од 10 минути, откако возачот на Форс Индија, Серхио Перез остана без тркало, со што можеби не се виде вистинската слика за односот на силите – возачите ги направија своите симулации на квалификациите во различни моменти при различни услови на патеката.

Но, сепак, очигледно е дека Мерцедес имаат предност бидејќи Хамилтон беше за 0.5 секунди по круг побрз од Кими Раиконен кога двајцата беа во симулација на квалификации со ултра-меки гуми, а Рикардо беше зад Финецот. Фетел и Ферстапен немаа слични периоди на ултра-меки гуми.

Зад големите три тима, Роман Грожан во Хас беше шести најбрз пред Валтери Ботас, додека Фернандо Алонсо во Мекларен беше осми во кам-бекот во Ф1 по победата на 24 часа Ле Ман минатата недела. Вториот Хас на Кевин Магнусен беше деветти пред Пјер Гасли во Торо росо.

Формула 1 овој викенд се враќа во Франција по десетгодишна пауза на реновираната патека Пол Рикар.

Фото: ЕПА

Scroll to Top