Top Sport

Каљари потпиша со ветеранот Срна

Тоа за што подолго време се шпекулираше во Италија беше потврдено денеска, откако Каљари објавија дека склучиле договор со хрватскиот ветеран Дарио Срна, откако заврши неговиот договор со украинскиот Шахтјор Доњецк.

Според официјалниот веб-сајт на тимот од  Сардинија, Срна потпишал едногодишен договор со опција за уште две сезони.

36-годишниот Срна имаше над 500 настапи за украинскиот клуб, а во кариерата настапи и 134 пати за хрватската репрезентација. Меѓутоа, тој нема играно од минатиот септември, откако доби 17-месечна суспензија за позитивен тест на стериодот ДХЕА.

Тој е второ засилување за Каљари ова лето, откако Роландо Маран беше потврден за нов тренер на тимот.

Scroll to Top