Луис Хамилтон вели дека е благодарен што е жив по судирот со Фернандо Алонсо на Белгиското ГП во Спа, во кој неговиот Мерцедес отскокна од тркалото на болидот на Шпанецот. Хамилтон по трката призна дека тој бил виновен за инцидентот, откако Алонсо го нарече „идиот“ преку радиото.
Хамилтон потоа одби да оди на задолжителниот медицински тест, по што беше предупреден од стјуардите на трката.
„За малку ќе го скршев грбот при паѓањето на болидот. Тоа беше голе удар од голема височин. Благодарен сум што уште сум жив и во добра форма. Кога паднав слушнав дека нешто се крши, најверојатно во менувачот, а имам среќа што не скршив нешто повеќе“, вели Хамилтон.