Top Sport

Хамилтон ја доби тактичката битка со Ферари за мексикански триумф, но титулата ќе почека

Луис Хамилтон е победник на Мексиканското ГП, успевајќи да ја заддржи предноста пред Себастијан Фетел, но (барем засега) нема да биде крунисан за светски шампион по шести пат, откако неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас заврши на третото место (а требаше да биде најмалку на петтото место, така што битката се сели во Остин за една недела.

Шарл Леклер, освојувачот на пол-позицијата на трката, на крајот заврши како четврт по проблемите во боксот и поинаквата стратегија на Ферари, кои решија дека е исправно да одат двапати во боксот. Италијанскиот тим двапати го предаде водството – прво со Леклер по 15 круга, а потоа Фетел и тимот решија да не го следат Хамилтон во боксот, што беше грешка бидејќи кога Германецот влезе во боксот, веќе беше предоцна.

Александер Албон имаше одлична трка за петто место во Ред бул, пред колегата Макс Ферстапен, кој имаше трка полна со инциденти.  Во поени беше и Серхио Перез во својата домашна трка на седмото место, Даниел Рикардо во Рено, и двајцата возачи на Торо росо, Пјер Гасли и Данил Квјат.

Трката која уште пред да почне беше контроверзна по вчерашното одземање на пол-позицијата на Макс Ферстапен за игнорирање на жолтото знаме, започна со судир, откако Ферстапен по убавиот старт дојде во „конфликт“ со Луис Хамилтон и по контактот двајцата загубија позиции – Хамилтон беше петти, а Ферстапен на осмото место.

Ова предизвика период на виртуелно безбедносно возило, а кога трката рестартираше, трката продолжи да биде кошмарна за Ферстапен откако при обид да го помине Валтери Ботас, двајцата имаа контакт и тој имаше дупната гума и мораше да влезе во боксот.

Додека се случуваше ова, изгледаше дека Леклер и Фетел имаат удобна трка на врвот, иако Леклер бргу влезе во боксот и му го предаде првото место на Германецот. По 30 круга, Фетел беше убедлив пред Ботас (и двајцата немаа влезено во боксот), а Леклер беше пред Хамилтон. Кога Фетел се реши да влезе во боксот, излезе на четвртото место.

Второто влегување на Леклер значеше крај на неговите надежи за победа, откако тој остана 6.2 секунди во боксот поради проблеми со задните тркала. Хамилтон така го „наследи“ првото место пред Фетел и Ботас, нешто што успеа да го заддржи до крајот на трката.

Scroll to Top