Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вели дека неговата лична вклученост во обидот да се купи премиерлигашот Челси е најмногу поради „поддршка на заедницата“, за клубот да проолжи да промовира инклузивитет и разноликост.
Во четвртокот, Хамилтон и неговата блиска пријателка, тениската суперѕвезда Серена Вилијамс официјално беа потврдени како дел од конзорциумот предвоен од Сер Мартин Бротон кој се обидува да го купи Челси од рускиот милијардер Роман Абрамович.
Хамилтон призна дека Бротон контактирал со него и дека ги поддржува неговите вредности, и би бил вклучен со околу 20 милиони фунти во инвестицијата.
„Најважна е заедницата. Тоа го прави секој фубалски тим – луѓето и тие околу него. Челси се лидери во диверзитетот и инклузијата и стануваат поразлични и прогресивни. Не се поврзуваме со претходните сопственици, туку целта е да се продолжи работата со заедницата“, вели Хамилтон пред трката во Имола овој викенд.