Top Sport

Хамилтон ја презеде вината за инцидентот во Катар

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, му се извини на тимот за лошата проценка, поради што во првиот свиок ја заврши трката за Големата награда на Катар.

Хамилтон се повлече во првиот круг по инцидентот со тимскиот колега Џорџ Расел.

Хамилтон се обиде да го претекне својот помлад сонародник во првиот свиок од надворешната страна, имаше контакт со болидот на Расел и излета од патеката.

Седумкратниот шампион ја заврши трката, додека Расел продолжи да вози и заврши на четвртото место, Ферстапен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Хамилтон првично се пожали дека бил „истуркан од колегата“, но по трката проговори и ја презеде вината.

„Неколку пати ја гледав снимката од инцидентот и заклучив дека вината е целосно моја. Ја преземам целосната одговорност и им се извинувам на тимот и Џорџ“, напиша Луис.

По трката, ФИА го казни Хамилтон парично со 25.000 долари. Британецот откако излезе од болидот мина преку патеката, што според правилата не е дозволено.

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на САД во Остин на 22 октомври.

Foto/ EPA

Scroll to Top