Top Sport

Хамилтон: Јас одлучувам кога ова ќе заврши

Луис Хамилтон го налутиле приказните дека е подготвен да стави крај на својата возачка кариера.

Изминатите денови во круговите во Формула 1 се шпекулираше дека оваа сезона би можела да биде последна за британскиот возач. Тој не мисли така.

И покрај лошиот старт и моментално седмата позиција во генералниот пласман на возачи, Хамилтон не планира да се предаде така лесно иако има 28, а лидерот Шарл Леклер има 86 бодови.

Коментирајќи ги најновите написи во медиумите, Хамилтон на својот Инстаграм профил со фотографија од гаражата на Мерцедес напиша: „Работам на моето ремек дело, јас ќе одлучам кога се ќе заврши“.

Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози на 6.мај во Мајами.

Scroll to Top