Top Sport

Хамилтон ќе добие казна од 5 места во Бахреин

Шансите на четирикратниот шампион Луис Хамилтон за победа на Бахреин ГП трката се намалија, откако од Мерцедес потврдија дека тој ќе добие казна од пет места на стартот поради смена на менувачот на неговиот болид.

„На последната трка во Мелбурн имавме протекување на хидрауликата и имавме среќа што ја завршивме трката. За жал, не успеавме да го поправиме менувачот и затоа мораме да имаме нов, а Луис ќе добие казна од пет места“, изјави портпаролот на Мерцедес.

Хамилтон на првата трка во Австралија го освои второто место, откако доминантно ја освои пол-позицијата, бидејќи Себастијан Фетел во Ферари го помина преку умна тактика со безбедносното возило. Ферари беа најбрзи на тренинзите во Бахреин со Кими Раиконен пред Фетел.

Минатата година во Бахреин до пол-позицијата стигна Валтери Ботас во Мерцедес, но Фетел стигна до победата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top