Top Sport

Хамилтон ќе го потпише новиот договор во Пол Рикар?

Угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“, тврди дека долгочекуваното продолжување на договорот на светскиот шампион Луис Хамилтон со Мерцедес ќе биде објавено на Француското ГП во Пол Рикар следната недела.

Иако подолго време се зборуваше дека договорот е „чиста формалност“, оддолжувањето на крајот донесе шпекулации дека Британецот е подготвен да замине од Ф1 на крајот на сезоната, посебно бидејќи доминацијата на „Сребрената стрела“ е завршена оваа година. Други сметаа дека главниот проблем се парите.

Според „Ауто мотор унд спорт“, Хамилтон е подготвен да потпише договор до крајот на 2020 година, кога завршува и таканаречениот „Конкорд договор“ меѓу тимовите и сопствениците на Ф1.

„Треба да се најде заеднички јазик. Адвокатите праќаат документи навака-натака и со тоа се троши време. Но, никаде не се брзаме. Ако знаете со кого сакате да се земете, датумот на свадбата не е толку важен“, изјави не-извршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда.

Поранешниот Ф1 возач, Дејвид Култард, смета дека Хамилтон сака договор само до 2020, бидејќи потоа планира да го издаде својот прв музички албум.

Фото: ЕПА

Scroll to Top