Top Sport

Годин: Уругвај нема да се обиде да го повреди Салах

Дефанзивецот на Уругвај, Диего Годин вели дека плановите на неговата репрезентација за првиот меч на Светското првенство во Русија против Египет нема да зависи од тоа дали Мохамед Салах ќе биде во составот.

Годин беше навреден од прашањето на еден новинар кој го праша дали ќе се обидат да го повторат тоа што Серхио Рамос му го направи на Салах во финалето на Лигата на шампионите.

„Тоа е навистина навредливо прашање. Не мислам дека таму имаше лоша намера. Никој нема лоша волја или намерно повредува фудбалер. Но, такви работи се случуваат“, вели фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Салах ги повреди лигаментите на рамото при дуелот со Рамос во Киев, но најавите од египетската репрезентација велат дека тој ќе биде во тимот за петочниот меч во Екатеринбург.

„Салах може да биде одлучувачки фудбалер, но нашите подготовки не зависат од еден фудбалер. Се подготвуваме долго време и сите сме фокусирани. Преземени се сите мерки во тимот. Игравме против фудбалери како Меси и Нејмар“, додава Годин.

Фото: ЕПА

Scroll to Top