Top Sport

Хамилтон ќе слави неколку дена, потоа ќе преговара за новиот договор

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, рекол дека за неколку дена ќе започнат преговорите со Луис Хамилтон околу новиот договор. Британецот, во неделата, ја освои седмата шампионската титула во Формула 1. На вечната листа тој се израмни со Михаел Шумахер.

Луис Хамилтон има договор со Мерцедес до крајот на оваа сезона. Деновиве ќе ги започне преговорите за новиот договор.

„Само што ја освои титулата, не можеме веднаш да разговараме за новиот договор. Мораме да го испочитуваме ова што го направи. Ќе почекаме неколку дена“, рекол Волф.

„Нашиот однос не е само деловен, туку е пријателски. Сепак, кога преговорите се во тек, не уживаме како што тоа го правиме во останатиот период. Најдобар договор е оној кога двете страни се целосно задоволни“.

Шампионатот на Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Абу Даби, на 29.ноември.

Scroll to Top