Top Sport

Салах на свадба се заразил со корoнавирусот

Поранешниот репрезентативец на Египет, Мидо, открил каде Мохамед Салах се заразил со коронавирусот. Фудбалскиот сојуз на Египет, во петокот, објави дека тесто на Салах е позитивен. Тој нема да игра за репрезентацијата и сигурно ќе пропушти еден натпревар на Ливерпул во Премиер лигата.

„Неиграњето на Салах е голем проблем за Египет бидејќи тој е нашиот најдобар фудбалер. Тој се однесуваше неодговорно, со што ризикуваше да се заразат и неговите соиграчи. Беше на свдбата на својот брат, а тоа во вакви околности не смееше да го направи. На свадбата имаше повеќе од 800 гости, пола од нив се гушкаа со Салах“, рекол Мидо.

Прашање е како ќе реагираат од Ливерпул, во ситуација кога во клубот има многу повредени играчи, а еден од најдобрите не ги почитувал здравствените протоколи. Јасно е дека во клубот не знаеле дека Салах, настапот за репрезентацијата ќе го искористи за да присуствува на венчавката.

Scroll to Top