Шестрактниот светски првак Луис Хамилтон се надева дека ќе остане во Формула 1 уште најмалку три години. Хамилтон има 35 години, а неговиот договор со Мерцедес важи до крајот на оваа сезона.
„Иако одложувањето на сезоната поради коронавирусот не беше позитивно, тоа ни даде време да размислуваме за животот, да се фокусираме на други работи. Мене ми помогна да соберам енергија, поради која ќе можам подолго да се натпреварувам“, рекол Хамилтон.
На прашањето уште колку долго планира да вози, Британецот одговорил.
„Сакам засекогаш да бидам на ова ниво, но во еден момент тоа едноставно нема да биде можно, физички и ментално. Во одреден момент ќе треба да заврши. На знам кога ќе биде тоа, нема да биде бргу. Исто така свесен сум дека се појавуваат нови возачи. Сепак моја цел е на ова ниво да возам уште најмалку три години“.
Хамилтон е лидер во генералниот пласман во Формула 1, во првите три трки тој освои 63 бода, пет повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас.