Top Sport

Хамилтон: Којзнае дали навистина сме најбрзи?

Луис Хамилтон со својот Мерцедес постави најдобро комбинирано време во трите дена тестирање во Барселона, но признава дека не знае каков е распоредот на силите во 2022 и дали неговата машина навистина е најбрза.

По вториот ден на „Каталуња“, неговиот нов колега Џорџ Расел храбро изјави дека Мекларен и Ферари имаат најбрзи болиди, но Хамилтон вели дека никој не го знае распоредот и би било необично да се шпекулира.

„Никогаш не го знаеш вистинскиот распоред по првата недела. Немаме поим каде се другите и немаме поим дали имаме најбрз болид? Ова беа интересни неколку дена, имаше мали пречки кои требаше да ги надминеме, и секогаш сакаш повеќе кругови. Со новите гуми од 18 инча сите мораме да го подесиме нашиот стил на возење“, вели седумкратниот светски шампион.

Scroll to Top