Top Sport

Кошаркарите на БиХ одбиваат да гостуваат во Литванија

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина нема да патува на гостувањето во Литванија во меч од квалификациите за СП 2023, иако Светската кошаркарска федерација (ФИБА) им го отфрли барањето да се одложи мечот закажан за во недела на 27 февруари, јавуваат медиумите од БиХ.

Од кошаркарскиот сојуз посочуваат дека патувањето во држава која се граничи со Русија и Белорусија, две земји кои се вклучени во конфликтот во Украина едноставно е преризично.

„Никој не може да не убеди дека ова не е вистинска одлука. Не е е време нашата репрезентација да оди во ризичен регион. Тоа е ставот на сојузот, стручниот тим и кошаркарите. Медимите јавуваат за вонредна состојба во Литванија. Не знаеме каква казна ќе донесат од ФИБА, но во моментов поважна е безбедноста на нашите кошаркари“, велат од федерацијата.

Scroll to Top