Top Sport

Хамилтон: Легендарните возачи ме омаловажуваат

Британецот Луси Хамилтон не е задоволен од третманот што го има, особено кај легендарните Ф1 возачи. Хамилтон минатиот викенд ја забележа 91 победа во кариерата и се израмни со Михаел Шумахер, реално е наскоро тој да го престигне и по бројот на освоени титули.

Хамилтон истакнува дека и покрај успесите што ги постигнува многумина ги омаловажуваат неговите резултати.

„Многу луѓе ги негираат моите резултати, особено тоа го прават легендарните возачи, како да се опседнати со тоа. Не знам зошто го прават тоа. Можеби еден ден ќе преминат преку тоа. Јас и понатаму имам големо почитување кон легендите од минатото, кон сите“, рекол Хамилтон и дополнил.

„Ги почитувам бидејќи знам дека во минатото било тешко, поинакви биле условите. Им било тешко и поради тоа се легенди. За 20 години кога ќе правам рекапитулација на кариерата, можам да ветам дека нема да критикувам ниту еден од младите возачи“.

Scroll to Top