Top Sport

Гризман од Загреб му испрати порака на Куман

Антоан Гризман синоќа во Загреб одигра добар меч за репрезентацијата на Франција. Тој го постигна првиот гол во победата на „триколорите“ од 2:1. Напаѓачот на Барселона го постигна 33 гол за националниот тим со што се зацврсти на петтото место на вечната листа.

Задоволен од настапот против Хрватска грзиман испратил порака од Загреб до тренерот на Барселона Роналд Куман.

„Се чувствувам добро бидејќи селекторот Дидие Дешам знае на која позиција можам најмногу да придонесам“.

Scroll to Top