Top Sport

Хамилтон лесно до пол позицијата во Остин

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на САД. Веднаш до него трката од првиот стратен ред ќе ја започне Себастијан Фетел на Ферари.

Најбрзиот круг со кој Британецот стигна до својата 72 пол позиција во кариерата изнесуваше 1:33.108 минути. Фетел од Хамилтон имаше послаб резултат за 0.239 секунди.

Од вториот ред трката ќе ја започнат тимскиот колега на Хамилтон, Ватери Ботас и возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.

Зад нив се Кими Раиконен (Ферари) и Макс Ферстапен (Ред Бул), а потоа следуваат Естебан Окон (Форс Индија), Карлос Саинц јуниор (Рено), Фернандо Алонсо (Мекларен), Серхио Перез (Форс Индија).

Иако Ферстапен го освои шестото место, бидејќи го смени моторот на својот болид ќе бида вратен 15 наназад.

Трката за Големата награда на САД, на патеката во Остин в недела ќе се вози од 21 часот по средноевропско време.

Scroll to Top