Top Sport

Барселона рутински, Валенсија рафално

Водечките две екипи во Шпанија, Барселона и Валенсија, забележаа победи во деветтото коло. Барселона ја победи Малага со 2:0, а Валенсија ја декласира Севилја со 4:0

Барселона не блескаше против Малага но успеа да ги освои планираните бодови и да ја задржи предноста од четири бода во однос на Валенсија.

Барса резултатот го отвори во втората минута, откако судиите го признаа нерегуларниот гол на Деулофеу. Имено Дињ топката која веќе беше во гол-аут ја врати во игра, а крилниот напаѓач само ја проследи во голот.

Во второто полувреме дилемите околу победникот ги реши Иниеста, кој стрелаше прецизно по асистенцијата на Меси.

Валенсија ја потврди блескавата форма и во дербито против Севилја, го бележи најдобриот старт во првенството уште од 2013 година, а тренерот Марселињо го има најдобриот старт во сезоната во кариерата.

Натпреварот на „Местаља“ мина во знакот на Португалецот Гуедеш, кој постигна два гола и имаше една асистенција.

Првиот гол на младиот Португалец во 43 минута беше вистинско фудбалско ремек дело. Предноста на Валенсија потоа ја зголеми Заза во 51 минута. Откако Севилја не реализира неколку добри шанси казната стигна во финишот најпрвин Санти Мина постигна гол во 85 минута, а точка на мечот стави Гуедеш во 92 минута.

Валенсија ја забележа петтата последовна победа во Ла Лига, додека Севилја е во серија од три порази (два во првенството и еден во Лигата на шампионите), во кои има гол разлика 1:10.

Барселона е лидер на табелата со 25 бодови, а Валенсија е втора со 21 бод.

Scroll to Top