Top Sport

Хамилтон и Мерцедес супериорни на бразилските тренинзи

Светските шампиони Луис Хамилтон и Мерцедес продолжија со совршениот старт на Бразилското ГП, со доминација на двата официјални тренинзи на патеката Интерлагос.

Две недели по освојувањето на титулата во Мексико, Хамилтон не покажа дека е подготвен да успори, поставувајќи најдобро време на двете тренинг-сесии, двапати пред својот клупски колега од „Сребрената стрела“, Валтери Ботас.

Тој постави време од 1:09.515, за да го победи Ботас за само 0.048 секунди, а Мерцедес имаше значителна предност пред ривалите од Ред бул и Ферари.

Даниел Рикјардо беше трет најбрз за Ред бул, со две десетинки послабо време, додека Себастијан Фетел беше четврти за Ферари со уште една десетинка. По него следуваа Макс Ферстапен (Ред бул) и Кими Раиконен (Ферари).

Scroll to Top