Top Sport

ВАДА доби нови докази за рускиот допинг

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) доби нови докази за систематското допингување поддржано од руската држава, јавува „Би би си“.

Минатата година, независниот извештај на Ричард Мекларен нарачан од ВАДА, најде докази дека Русија имала допинг-програма од крајот на 2011 до август 2015 во која биле вклучени „поголемиот дел“ од олимписките спортови. Сега, ВАДА тврди дека има копија од базата на податоци на анти-допинг лабораторијата во Москва, која го потврдува сведоштвото на Григориј Родченков, поранешниот директор на оваа лабораторија.

Родченков беше шеф на лабораторијата во Москва за време на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014, и тој тврди дека ги допингувал спортистите и дека ги прикривал позитивните тестови.

Како резултат на оваа истрага, на рускиот атлетски тим не му беше дозволен настап на Олимпијадата во Рио, но и на Светското првенство во Лондон оваа година. Русија исто така ја чека одлуката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за можна суспензија на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари.

Scroll to Top