Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, смета дека Мерцедес нема да бидат подготвени да се борат за победа на првата трка во сезоната, Големата награда на Бахреин.
Мерцедес, имаше проблеми изминатите три дена, на тестирањата во Бехреин.
„Мислам дека во овој момент не можеме да се бориме за победата“, рекол Хамилтон и продолжил.
„Сепак нашиот болид има потенцијал да ни овозможи да победуваме. Мораме да бидеме во состојба да го извлечеме најдоброто од него и да решиме неколку проблеми“.
И пред една година, Мерцедес имаа проблеми на тестирањата, но на првата трка успеаја да победат.
„Постојат неколку проблеми. Не е добро…Мислам дека нема да можеме да го направиме она што го направивме минатата година. Сега имаме многу поголеми предизвици, не е лесно да ги решиме сите работи за само една недела. Ќе ни треба малку повеќе време“.
Првата трка во новата сезона ќе се вози на 20.март.