Top Sport

Хамилтон: Можеме да им се доближиме на Ред Бул

И покрај лошиот почеток на сезоната, Луис Хамилтон верува дека во преостанатиот дел од сезоната Мерцедес може да се доближи до Ред Бул, кој во последно време владее во светот на Формула 1.

Во моментов, Мерцедес е на третото место во конкуренција на конструктори зад Ред Бул и Астон Мартин.

„Дел од мене се надева дека можеме да се доближиме до Ред Бул. Имавме лоши стартови и во претходните две сезони, па успеавме да се вратиме и да бидеме конкурентни. Верувам во нашиот тим и очекувам работите наскоро да се подобрат“, изјави Хамилтон.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози во Азербејџан на 30 април. Претходно на патеката во Баку ќе се вози првата од шесте спринт-трки, планирани за оваа сезона.

Scroll to Top