Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон му честиташе на Макс Ферстапен, кој вчера во Сузука ја одбрани титулата.
Со победата на трката за Големата награда на Јапонија, Холанѓанецот стана практично недостижен за сите негови ривали, откако собра 366 поени на четири трки до крајот на сезоната.
Второпласираниот Серхио Перез има 253, па теоретски се е готово.
Хамилтон, кој заврши на петтото место во Сузука, има 180 бодови и е на шестото место.
Британецот ја анализираше трката на својот Инстаграм профил и му честиташе на возачот на Ред Бул за освоената титула.
„Тешка трка во тешки услови. Дождот секогаш носи предизвик, така што секогаш е добро да се добијат бодови за тимот. Толку многу за навивачите на трибините, особено во ова време, ги сакам сите што дојдоа. Конечно, честитки до Макс на одлична сезона. Се гледаме во Тексас“, напиша Хамилтон.