Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија. Доминацојата што во новата сезона Мерцедес ја пренесе од финишот на минатото првенство ја потврди колегата на Хамилтон, Валтери Ботас, кој трката ќе ја стартува од второто место.
Возачите на Мерцедес го окупираа првиот стартен ред во Мелбурн Парк, каде в недела ќе се вози првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија.
Хамилтон имаше резултат 1:22.043 минути, а Ботас 1:22.367. Британецот ја освои 84 пол-позиција во кариерата.
Разочара во квaлификациите Себастијан Фетел од Ферари, кој доминираше во претсезонските тестирања. Германеоцт го освои третото место (1:22.885). Вториот ред го комплетираше Макс Ферстапен на Ред Бул.
Петото место му припадна на новото име во Ферари, Шарл Леклер, а потоа следуваат пилотите на Хас, кои имаа добри квалификации: Роман Грожан и Кевин Магнусен.
Успешни квалификации имаше и новиот возач на Мекларен, дебитантот Ландо Норис, кој ќе стартува од осмото место.
Трката за Големата награда на Австралија утре ќе стартува во шест часот по средно-европско време.
Q3: Full classification
Big things from @Max33Verstappen taking Red Bull-Honda to the second row ?
And @LandoNorris is the fastest Renault-powered car on his first F1 qualifying ?#AusGP ?? #F1 pic.twitter.com/LXcNo02yAU
— Formula 1 (@F1) March 16, 2019