Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата, на утрешната трка за Големата награда на Шпанија. Перфектните квалификации на Мерцедес го дополни Валтери Ботас со второто најдобро време.
Хамилтон, доминираше на слободните тренинзи и во последната квалификациска сесија, а до 74. пол-позиција во кариерата дојде со најбрзиот круг 1:16.173 минути.
Неговиот тимски колега Валтери Ботас ќе стартува веднаш до него. Времето на Финецот беше за само 40 илјадити делови од секундата побавно од она на Хамилтон.
Вториот стартен ред им припадна на пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, а од третиот ред трката ќе ја започнат возачите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.
Меѓу најдобрите десет двајца возачи има и Хас, Кевин Мегнусен ќе стартува од седмата, а Роман Грожан од десеттата позиција.
Меѓу нив се Фернандо Алонсо од Мекларен и Карлос Саинц јуниор од Рено.