Top Sport

Ѓер ќе ја брани европската титула

Ракометарките на Ѓер ќе ја бранат европската титула, освоена минатата година, откако во првото полу-финале на завршниот турнир во Будимпешта ги совладаа конкурентките од ЧСМ Букурешт 26:20 (12:10).

Ѓер од самиот почеток успеа да ги вовлече Букурешт во својот ритам на игра. Домаќинките го отворија мечот со 3:0, а Букурешт првиот гол го постигнаа во 11.минута. До крајот на полувремето, Ѓер успешно ја одржуваше предноста, иако Букурешт имаше неколку можности да го израмни резултатот.

По исто сценарио, се до 42.минута се одвуваа и настаните во второто полувреме, кога ЧСМ Букурешт да израмни на 16:16. Тука ракометарките на романскиот тим застанаа, во наредните девет минути не постигнаа ниту еден гол, Ѓер се „одлепи“ на 20:16 и потоа мирно го заврши натпреварот.

Грот со седум, односно Офтендал и Гербиц со по пет гола беа најефикасните ракометарки на Ѓер. На спротивната страна Неагу постигна шест гола, меѓутоа со катастрофална реализиција. Најдобрата ракометарка во светот упати дури 16 удари кон голот на Гримзбо. По четири гола за Букурешт постигнаа Мнеа и Куртовиќ.

Ѓер во финалето ќе игра против Вардар или Ростов Дон. Ова полу-финале на програмата е од 18 часот.

Финалниот натпревар ве недла ќе започне од 18 часот, откако претходно од 15:15 ќе се одигра натпреварот за третото место.

Scroll to Top