Top Sport

Хамилтон на „три тркала“ стигна до седма британска победа, катастрофа за Ботас

Мерцедес стигна до четвртата победа во четвртата трка од Формула 1 шампионатот, откако Луис Хамилтон од пол-позицијата како најголем непријател ги имаше гумите на Пирели, откако предната гума му се „распадна“ во последниот круг, но тоа не го спречи да стигне до рекордната седма победа на Британското ГП во Силверстоун.

До третата победа во низа Хамилтон стигна во претходно досадна трка, која „експлодираше“пред асот на Ред бул, Макс Ферстапен, кој беше на третото место до претпоследниот круг од трката, кога на Валтери Ботас му се распадна гумата за драматичен финиш. До третото место стигна Шарл Леклер во Ферари, додека Ботас на крајот заврши на 11. место.

Проблеми со гумите поради високата температура имаа речиси сите возачи, како Карлос Саинс, кој со својот Мекларен заврши надвор од поени откако во последниот круг беше на четвртото место, за да дозволи Даниел Рикардо (Рено) да биде четврт пред Лендо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Рено), Пјер Гасли (Алфа Таури), Александер Албон (Ред бул), Ленс Строл (Рејсинг поинт) и Себастијан Фетел на 10. место, истата позиција од која стартуваше.

Хамилтон сега има 88 поени во генерален пласман дури 30 повеќе од Ботас на 58, а Ферстапен е трет со 51. Во пласман на конструктори ситуацијата е уште „посилна“ – Мерцедес имаат 146, Ред бул 78, а Мекларен 51.

Scroll to Top