Top Sport

Хамилтон најбрз на слободните тренинзи

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, забележал најдобри времиња на првите слободни тренинзи во Мелбурн, во пресрет на првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија.

Британецот на првиот тренинг забележал време 1:23.599 минути. Тој за само 0.038 секунди бил побрз од Себастијан Фетел (Ферари). Блиску до Хамилтон бил и вториот возач на италијанскиот тим Шарл Леклер, кој задоцнил за 0,074 секунди.

Меѓу најбрзите на патеката за време на првиот тренинг биле уште и Макс Ферстапен (Ред Бул), Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Алфа Ромео).

На вториот тренинг Хамилтон возел 1:22.600 минути, а зад него бил неговиот колега Ботас. Зад возачите на Мерцедес биле пилотите на Ред Бул, Ферстапен и Пјер Гасли.

Квалификациите за првата трка во сезоната ќе се возат утре од 7 часот по средно европско време.

Scroll to Top